Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Видовме Мицкоски кого вработи во 50 општини што ги водат и во претпријатија во Скопје, ниту млади ниту студенти

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и ја блокираат работата на Собранието

Мицкоски мисли изгледа дека граѓаните се наивни и не гледаат каква партизација направија во 50 општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ и во јавните претпријатија во Скопје и во другите локални самоуправи. Видовме сите а видоа и граѓаните. Ниту млади, ниту студенти, наместо поддршка за младите и студентите ВМРО-ДПМНЕ во 50 општини, во јавните претпријатија спроведува масовна партизација со неспособни и некадарни послушници, регира СДСМ на ветувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бидат вработени 500 најдобри студенти во државните институции.

dobivaj vesti na viber

– Само во ЈП Водовод за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ вдомила над 100 партиски членови. Така е во сите општини. 15 милиони денари ќе потроши општина Гази Баба за партиски вработувања, по пет милиони ќе потрошат Аеродром, Кочани, Илинден, а партиски вработувања се изнагледавме и во јавните претпријатија како ЈП Водовод и канализација Скопје и ЈКП Дервен од Велес, велат од СДСМ.

Тие додаваар дека Мицкоски лажно заборува и за намалување даноци, затоа што неговите градоначалници меѓу првите одлуки им се поскапувањата на услугите за граѓаните и ги задолжуваат општините.

– Речиси и да нема општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ каде нема поскапи комунални услуги, а општините Прилеп, Аеродром, Бутел, Гевгелија се само дел од општините кои прават милионски задолжувања на своите граѓани, стои во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата