Утрински Весник
Македонија

Шукова: МЖСПП ќе ја поддржи иницијативата за прогласување на гео-парк во Демир Капија

Шукова: МЖСПП ќе ја поддржи иницијативата за прогласување на гео-парк во Демир Капија

„Министерството останува поддржувач на добрите иницијативи и на сите други значителни активности во делот на заштитата на природата“, истакна во Демир Капија, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на отварањето на дводневната викенд програма за одбележување на Денот на Планетата и Меѓународниот ден на пеперутките.

dobivaj vesti na viber

При тоа ја потврди исклучителната важност на граѓанските иницијативи, а особена на оваа во Демир Капија за прогласување на првиот гео-парк во државата, бидејќи посебните природни еко системи и богатите природни гео-форми со кои располага овој локалитет, овозможуваат идеални услови за развивање на поинакви активности не само за поврзување на човекот со природата, туку придонесуваат и за промоција на државата и развој на еко-туризмот.

На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров, извршниот директор на бордот на „Макгеопарк“ во основање Звонимир Будимировиќ, и координаторот на проектот „Макгеопарк” Игор Ристовски.

Овие два дена во Демир Капија во рамки на богатата Програма ќе се организираат многубројни активности за промоција на љубовта кон природата и здравиот начин на живот како што се еколошки работилници за најмладите, игри на отворено, тренинг за еколошко моделирање, изложби, кино на отворено, предавање за пеперутките, адреналински спортови и слично.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема