Утрински Весник
Спорт

Селтик славеа над Ренџерс – „Олд Форм“ обоен во зелено-бело

Селтик славеа над Ренџерс – „Олд Форм“ обоен во зелено-бело

Фудбалерите на Селтик го совладаа Глазгов Ренџерс со 3:2 во најголемиот натпревар на шкотскиот фудбал одигран во 31. коло од Премиершип.

dobivaj vesti na viber

„Олд Фирм“ и овојпат не разочара. Пет гола, голема борба и многу емоции на теренот и на трибините. На крајот сосема заслужено славеше домашната екипа која сега има голема предност од 12 бода од најголемиот ривал.

Селтик поведе во 26. минута кога О’Рајли го пригра Кјог Фурухаши, Јапонецот извонредно се сврте и го совлада голманот на Селтик.

„Полицајците“ успеаја да израмнат во последната минута од првото полувреме. Капитенот на Ренџерс, Џејмс Таверние, мајсторски, во негов стил го изведе слободниот удар и ја смести топката под гредата од голот.

Домашните повторно поведоа во 63. минута, а повторно во главна улога беше Фурухаши. Јапонецот ја искористи непромислената реакција на стоперот на гостите Дејвис и од непосредна близина ја сместија топката во мрежата.

Уште една грешка дефанзивците на Ренџерс направија во 73.минута. Стрелец беше Жота.

Таверније во 79. минута успеа да намали на 3:2, но Ренџерс немаа сили да постигнат уште еден гол.

Селтик со оваа победа практично ја обезбеди титулата. Во преостанатите пет кола им е потребна уште само една победа.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ