Утрински Весник
Магазин

Редок дијамант на аукција во Њујорк: Тоа е вистинско ремек-дело

Редок дијамант на аукција во Њујорк: Тоа е вистинско ремек-дело

Реткиот светло розево-виолетов дијамант е проценет на 35 милиони долари и ќе биде ставен на аукција во аукциската куќа Сотби како дел од продажбата на „Њујоршките величествени скапоцени камења“ во јуни.

dobivaj vesti na viber

Каменот од 10,57 карати се прогласува за највредниот розово-виолетови дијамант кој некогаш бил ставен на аукција, според аукциската куќа Сотби.

„Неговите префинети линии во комбинација со интензитетот на бојата го прават еден од најнеобичните скапоцени камења во светот“, рече Том Мозес, извршен потпретседател, менаџер на лабораторија и истражувач во Американскиот гемолошки институт.

Каменот, ископан во Боцвана, „се споредува со најголемите уметнички ремек-дела, многу поретки од Магрит или Ворхол“, велат од Сотби. Розовите дијаманти се меѓу најретките и најбараните скапоцени камења во светот и се најпривлечни за инвеститорите.

Рекордот на аукцијата го држи скапоцениот камен CTF Pink, кој беше продаден за 71,2 милиони долари во Хонгконг во 2017 година. Дијамантот Вилијамсон Пинк Стар беше продаден за 57,7 милиони долари минатата година во Хонг Конг и го држи рекордот за највисока цена по карат – речиси 5,2 милиони долари.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување