Утрински Весник
Економија

СДСМ: Заштеда од над 98 милиони евра преку намален увоз и зголемено домашно производство на струја

СДСМ: Заштеда од над 98 милиони евра преку намален увоз и зголемено домашно производство на струја

СДСМ преку Владата и институциите што го предводи успешно ја менаџира енергетската криза. Струја и парно има цела грејна сезона, рестрикции нема. Производството на електрична енергија е зголемено и тоа во февруари за фантастични 80% а сметките за домаќинствата се исти, рече на денешната прес конференција Дарио Николовски директор на директор на Агенцијата за енергетика.

dobivaj vesti na viber

– Евтина струја обезбедивме и за клучната и витална инфраструктура во државава, како што се: болниците – затоа што здравствената услуга е загарантирана, евтина струја има и за училишта за континуран образовен процес, ЕСМ обезбедни струја и сите јавните комунални претпријатија за да се стабилизира цената на водата и да немаат изговори за да ги зголемуваат цените, додаде тој.

 

 

Можете да прочитате

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

СДСМ: Огромни долгови, владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард