Утрински Весник
Свет

Германија ги укина сите мерки против коронавирусот

Германија ги укина сите мерки против коронавирусот

Во Германија денеска, по повеќе од три години, завршуваат заштитните мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето.

dobivaj vesti na viber

„Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен сè уште остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“, рече Јанош Дахмен, портпарол на владејачката партија Зелени задолжен за здравствена политика.

Од денеска престануваат да важат последните мерки како што е обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска. Од 8 април ќе престанат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус. Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари.

Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем. Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција со коронавирус. Во четвртокот, според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 3.136 нови случаи на инфекција во споредба со претходниот ден.

И покрај тоа, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност