Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола објасни зошто Џон Стоунс го замени Кајл Вокер на позицијата десен бек во пет од неговите последни седум натпревари, кога неговиот тим играше со тројца дефанзивци во последната линија.
„Тој (Вокер) не може да го игра тоа. За да играте во средината, треба да бидете школувани за тоа“, рече Гвардиола.
„Кај мене ниту еден играч нема загарантирано место во тимот. Тие мора да се изборат за тоа. Понекогаш ни треба различна формација во начинот на кој напаѓаме или браниме. Некои играчи подобро се прилагодуваат од другите. Тие го сфаќаат тоа лично, но ние немаме ништо против нив”. продолжи тој.Тренерот на Сити.
Во 2017 година, Вокер пристигна во Сити од Тотенхем за 52 милиони евра, што го прави најскапиот англиски бек во историјата. Досега има одиграно 238 натпревари на кои постигна шест голови и забележа 18 асистенции, со што се потврди како еден од најдобрите трансфери на Сити.
„Вокер има други квалитети. Секогаш ќе ја има брзината. Ќе биде најбрз во оваа соба и кога ќе има 60 години”, изјави Гвардиола.
„Тој не може да игра добро кога имаме тројца во одбраната и двајца во средината. Тоа е прашање на умешност. Нему ќе му треба време да се навикне на позицијата, а ние време немаме“, продолжи Гвардиола, а потоа одговори на прашањето како Вокер може да се врати во стартниот состав.
„Тој мора да биде свој и добро да тренира. Тој е способен да игра со тројца во одбраната. Тоа е прашање на тактика. Не сме ја изгубиле вербата во него“, заклучи Гвардиола.
Договорот на Вокер со Сити е до летото 2024 година. „Трансфермаркт“ го проценува на 15 милиони евра.