Фудбалерите на Барнли се вратија во англиската Премиер лига по само една сезона помината во Чемпионшип. Во мечот од 40. коло како гости го совладаа Мидлзброу со 2-1 (1-0) и на тој начин обезбедија едно од првите две места на шест кола пред крајот. на првенството.кои обезбедуваат промоција во друштвото на најдобрите.
Головите за Барнли ги постигнаа Барнс (12′) и Робертс (66′), додека стрелец за Мидлсброу беше Акпом (48′-11м).
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не беше во ростерот на менаџерот Венсан Компани на ова гостување.
Со оваа победа Барнли стигна до скор од 87 бода, 19 повеќе од третиот тим на табелата, Лутон Таун и 20 од четвртиот Мидлсброу, а тие две екипи до крајот на првенството можат да освојат максимални 18 бода.