Утрински Весник
Македонија

Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис

Истрага за неовластено изнесување марихуана од фабрика за одгледување канабис

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца македонски и еден албански државјанин осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Албанскиот државјанин, основач на правно лице – фабрика за одгледување медицински канабис во битолското село Кравари, неовластено организирал и заради продажба од просториите на фабриката изнел две вреќи со наркотична дрога марихуана. Вреќите ги оставил пред влезот во фабриката, од каде што ги подигнале другите двајца осомничени со автомобил. Кога биле забележани од полициски службеници, тие се обиделе дрогата да ја исфрлат од возилото.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, од кои еден е лишен од слобода, а двајца се во бегство. На тројцата, како што соопштија надлежните, им е определен притвор во траење од 30 дена, при што за двете лица, кои се во бегство, притворот ќе почне да се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Можете да прочитате

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на лекови, забни импланти, опрема за тетовирање, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

Поднесена кривична пријава против струшкиот градоначалник

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата