Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Го охрабрив Си Џинпинг да разговара со Зеленски

Фон дер Лајен: Го охрабрив Си Џинпинг да разговара со Зеленски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека за време на нејзината посета на Пекинг го охрабрила кинескиот претседател, Си Џинпинг, да разговара со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Прашана од новинарите по нејзината средба со Си, Фон дер Лејен рече дека Кина може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната во Украина, објави „Ројтерс“.

Претседателката на ЕК изрази загриженост за нуклеарните закани поради распоредувањето руско оружје во Белорусија и рече дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, има одговорност да го искористи своето влијание и децениското пријателство со Русија.

Таа, исто така, рече дека стабилноста во Тајван е од најголема важност.

„Никој не треба еднострано да го менува статус-квото со закана со сила во овој регион, а тензиите треба да се решаваат со дијалог“, додаде фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател.

Таа нагласи дека трансатлантските врски се силни и засновани на доверба и длабоко пријателство. Според неа, на средбата се разговарало и за нерамнотежата во трговската размена меѓу ЕУ и Кина.

Политиката на Кина кон Украина може да се сумира во една реченица – „да се промовира мир и дијалог“, изјави претседателот Си Џинпинг, цитиран од државните медиуми. Тој додаде дека главен приоритет е да се поттикне прекин на огнот и да се стави крај на војната.

На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Пекинг, Си рече дека врските меѓу Кина и ЕУ не се контролирани или зависни од која било трета страна, објави државната телевизија CCTV.

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор