Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Немало тајни средби и уставни измени под бугарски диктат, Левицата да се извини

Мицкоски: Ковачевски и Груби одлучија со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат тврдењата на Левицата дека имало тајни средби меѓу Мицкоски и Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Прес-конференцијата на Левицата, која се одржува под директна нарачка на СДС, е во целост лажна. Ниту имало тајни средби ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ разговара за прифаќање на уставните измени под бугарски диктат“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ќе поднесат тужба за клевета против Левицата доколку не се извинат за лажните тврдења.

„Единствените, можеби, тајни средби се тие на Апасиев кога добива задачи од Богданка Кузевска за посериозни нарачки. Но, тоа не го менува фактот дека коалицијата СДС – Левицата е јавна и транспарентна“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува

ВЛЕН: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Маж од Гостивар демнел 15-годишно девојче