Утрински Весник
Спорт

ПСЖ стравува дека нема да најде купувач за Нејмар

ПСЖ стравува дека нема да најде купувач за Нејмар

Челниците на ПСЖ стравуваат дека нема да можат да најдат купувач за напаѓачот Нејмар да Силва.

dobivaj vesti na viber

Бразилецот го повреди скочниот зглоб во февруари на мечот со Лил и моментално е во фаза на рехабилитација по успешната операција.

Сепак, катарските сопственици, кои планираат да го обноват договорот со Лео Меси и кои сакаат да го реновираат тимот на лето, сметаат дека најдобро е да го продадат Нејмар.

Како што пренесува „Ле Паризиен“, тие се сочени со два проблеми, првиот е дека ќе биде тешко да се најде клуб кој е подготвен да одвои огромни пари за платата на играчот, а вториот е неговата хронична повреда на десното стапало.

Клубот сакаше да го продаде и минатото лето, но тогаш не успеа да најде купувач кој ќе може да ги исполни финансиските барања на бразилскиот фудбалер.

Нејмар, кој ја обнови соработката со „светците“ во летото 2022 година, има договор со важност до јуни 2027 година.

Оваа сезона тој постигна 18 гола на 29 натпревари за ПСЖ.

Можете да прочитате

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите