Премиерот Димитар Ковачевски обвини дека новинарите имаат лични анимозитети кон вицепремиерот Артан Груби, додека тие прашуваа како министер за политички систем ќе координира изградба на автоматска делница. Премиерот бранејќи го Груби рече: „Ако имате лични анимозитети, тоа се лични работи. Ги слушав коментарите кои ги дававте“.
„Вие кажавте една работа која не е точна и која е во сосема спротивност, односно ваша констатација. Инфраструктурните проекти се на министерот за транспорт и врски и институциите во рамки на Министерството за транспорт и врски. Вицепремиерот Груби во текот на изминатите две години беше претседател на управувачкиот комитет за Коридорот 8. И како што гледате коридорот 8 има изведувач, прокетант. За брзо време ќе почнат и физичките работи на Коридорот 10 Д. Доколку имате одредени лични прашања, тие не можат да бидат одговорени со професионален речник“, рече Ковачевски, одговарајќи на прашање: „Како ги поврзавте министерството за политички систем со инфраструктурни проекти во државата, што ќе координира минситер за политички систем и какви квалификации има Груби за да биде вицепремиер, и министер за политички систем и министер за транспорт и врски во сенка? Дали ако е толку способен ќе му дадете уште некоја функција?“.
Вчера, Груби беше назначен за координатор за изградба на Коридор 8.
„ Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација“, соопшти Владата.