Фудбалерот на Лацио, Педро ќе мора да и плати на Рома обештетување од околу еден милион евра доколку го продолжи договорот со „небесно сините“, пренесува италијански „Ил Месаџеро“.
Педро (35) во Лацио пристигна од Рома во 2021 година, а со „волчицата“ потпиша договор до 30 јуни оваа година.
По пристигнувањето во Лацио, поранешниот шпански репрезентативец мораше да се согласи со клаузула во договорот според која на својот поранешен клуб ќе треба да му плати милион евра отштета доколку го продолжи договорот со „небесно сините“.
Италијанските медиуми истакнуваат дека оваа клаузула постои само за фудбалери кои директно од Рома одат во Лацио.
Педро е првиот играч од 1985 година, кој директно од Рома се пресели во Лацио, по голманот Астутило Маџоли.
Два дена по потпишувањето на договорот, Шпанецот дебитираше со гол за Лацио, а еден месец подоцна се запиша меѓу стрелците на натпреварот против Рома.
Тој е третиот играч во историјата кој постигнал голови за двата клуба во римското дерби.
Пред Рома, Педро играше за Челзи и Барселона. За шпанската репрезентација одигра 65 натпревари од 2010 до 2017 година и постигна 17 голови.
Тој оваа сезона одигра 36 натпревари за Лацио и постигна седум гола.