Утрински Весник
Свет

Осум жени педофили, повеќе од десет години злоставувале деца помали од 12 години

Осум жени педофили, повеќе од десет години злоставувале деца помали од 12 години

Осум жени се прогласени за виновни за учество во еден од најлошите синџири за злоупотреба на деца во Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Тие биле членови на банда педофили кои повеќе од десет години злоставувале седум деца помлади од 12 години.

Нивните злосторства биле откриени откако една од нивните жртви завршила во болница поради повреда.

По тој случај, полицијата започна голема истрага во Западен Мериленд која траеше пет години.

Само еден член од педофилската група ги признал свирепите злосторства што ги направиле врз децата, додека останатите не покажале каење. Судењето неколку пати беше одложувано поради пандемијата на коронавирусот.

Во овој случај полицијата соработувала со социјалните служби за да ги заштити децата.

Осомничените во овој случај извршиле некои од најтешките полови кривични дела, меѓу кои и нанесување физички и психички повреди“, рече обвинителот.

Најозлогласена од нив беше Трејси Бејкер, која беше прогласена за виновна по пет точки за сексуална злоупотреба на деца и осудена на 16 години затвор.

Меѓу осудените е и Натали Велингтон, која е осудена на 17 години затвор за четири кривични дела.

„Системската злоупотреба извршена од овие жени е една од најшокантните што сум ги видел во мојата кариера“, рече главниот инспектор Пол Дровер, кој ја водеше истрагата за случајот.

Тој рече дека сето тоа најтешко паднало за седумте деца кои со години го трпеле најстрашното малтретирање, кое им оставило и психички и физички лузни.

„Тие доживеаја голема траума. Ова ќе има трајно влијание врз нивното ментално и физичко здравје“, рече тој.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење