РБ Лајпциг им се приклучи на Фрајбург, Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт во полуфиналето на германскиот ДФБ куп, откако со 2:0 беа подобри од Борусија Дортмунд.
„Биковите“ дојдоа во водство во 22. минута, кога поранешниот напаѓач на Челси, Тимо Вернер стрелаше по одличниот продор на Мохамед Симакан.
Иако резултатот покажува дека се работело за тесен пораз на „милионерите“, сепак, Лајпциг имаше далеку повеќе од играта и 20 удари на противничкиот гол, за конечно, во 98. минута Кевин Кампи да зголеми на 2:0 и заслужено да ја потврди победата.
That Simakan speed ⚡
Timo Werner’s opener for @RBLeipzig_EN was brilliantly worked 👏#DFBPokal #RBLBVB pic.twitter.com/MzsCQiFhmZ
— The DFB-Pokal (@DFBPokal_EN) April 5, 2023