Утрински Весник
Свет

Бил Клинтон: Жалам што ги убедив Украинците да се откажат од нуклеарното оружје

Бил Клинтон: Жалам што ги убедив Украинците да се откажат од нуклеарното оружје

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон кажа дека жали поради својата улога во убедувањето на Украина да се откаже од нуклеарното оружје.

dobivaj vesti na viber

„Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го извела овој трик доколку Украина и понатаму го имаше своето оружје“, кажа тој.

Во јануари 1994 година, Клинтон, рускиот претседател Борис Јелцин и украинскиот претседател Леонид Кравчук потпишаа изјава за елиминација на стратегиското нуклеарно оружје кое се наоѓаше на територијата на Украина од советскиот арсенал.

Во декември 1994 година беше потпишан Будимпештанскиот меморандум според кој големите сили се обврзаа да ја почитуваат независноста, суверенитетот и постоечките граници на Украина.

 

 

Можете да прочитате

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди