И по 235 дена нема фабрика за автомобили, само празна нива во Тетово посеана со лаги од ДУИ и СДС, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, застанат на локацијата.
„Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чија градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена. Потпишаа договор за фабрика инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот. Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, празна нива посеана со лаги“, рече Стоилковски.
Побара од Ковачевски и Ахмети да одговорат каде е фабриката, каде се најавените 890 работници и автомобилите произведени во Македонија.