Утрински Весник
Свет

Трамп по историското апсење: Не мислев дека тоа е можно во оваа земја, Америка отиде по ѓаволите

Трамп: Прво тенкови, па потоа нуклеарно оружје

„Не мислев дека ова е можно во Америка“, рече Доналд Трамп синоќа во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно во судот во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

„ Единствениот прекршок што го направив е бестрашно да ја бранам нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат“, рече поранешниот претседател, нарекувајќи го обвинението „навреда за нацијата“, во обраќањето до стотиците поддржувачи од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида.

Тој додаде дека САД одат по ѓаволите и дека дури и оние кои не се негови обожаватели велат дека такво нешто не треба да се случи. Трамп тврди дека сето тоа се случува заради изборите и дека окружниот обвинител во Атланта, за кој рече дека е расист, прави се што може за да го обвини.

„ Овој лажен случај беше покренат само за да се меша во претстојните избори во 2024 година. Треба веднаш да се откаже“, рече тој.

На крајот додаде дека во неговиот случај тоа е прогон, но дека може да ја држи главата горе.

Поранешниот американски претседател ѝ се обрати на јавноста од истата сала во одморалиштето Мар-а-Лаго, каде што ја објави својата трета кандидатура за Белата куќа на 15 ноември.

Неколку часа претходно, Трамп (76) пред судот на Менхетен се изјасни за невин за фалсификување сметководствени документи, на сослушување кое ги разбранува страстите во земјата.

Трамп е обвинет дека ја платил порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс рече дека ѝ платил 130.000 долари за тоа. Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.

Покрај овој случај, Трамп, кој двапати беше отповикан од Конгресот, е под сериозни истраги за неговата улога во нападот на Капитол, управувањето со претседателските архиви и притисокот врз гласачите во Грузија.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година