Утрински Весник
Свет

Уште неколку часа до апсењето на Трамп, се огласи и неговиот адвокат

Трамп: Собрав 4 милиони долари во последните 24 часа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска технички ќе биде уапсен. Процесот на сослушување пред суд за извршување на потенцијално кривично дело опфаќа и формално апсење.

dobivaj vesti na viber

Во текот на овој процес, судските службеници ќе му земаат отпечатоци од прсти, ќе треба да ги пополни потребните документи, а службените лица ќе проверат дали против него има друга кривична постапка. Потоа ќе го потсетат дека има уставно загарантирано право на адвокат и право да не разговара со полиција.

Се очекува судот да застане на страната на Трамп во текот на тој процес. Адвокатскиот тим на Трамп објави дека поранешниот претседател нема да биде врзан со лисици за време на неговото апсење, а судот може да му дозволи да влезе во судницата преку задниот влез.

Имено, влегувањето во предниот влез на судот очекувано би предизвикало огромно внимание кај насобраните медиуми и јавноста.

 

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти