Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Клајн: Унгарија дава поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, сега преговорите со ЕУ не смее да се блокираат

Маричиќ – Клајн: Унгарија дава поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, сега преговорите со ЕУ не смее да се блокираат

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Андраш Клајн, на која разговараа за процесот на преговори, за актуелни политички теми и за можностите за унапредување на билатералните односи и соработка.

dobivaj vesti na viber

„Европскиот пат на Северна Македонија и обврските што произлегуваат од пристапните преговори мора да останат во нашиот фокус и во текот на оваа година, а за нас е важно да знаеме дека ја имаме поддршката од Унгарија во процесот на преговори и исполнување на целта“, рече Маричиќ.

Клајн потенцира дека Унгарија дава јасна поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ и укажа дека сега не смее да се дозволи сами да ги блокираме преговорите.

Клајн додаде дека Унгарија и понатаму ќе се залага за проширување на ЕУ со земјите од регионот и дека на тој пат можеме да сметаме на нивната техничка помош и поддршка во спроведувањето на реформите и постигнување на стандардите на ЕУ.

Соговорниците се согласија дека најважниот чекор кон ЕУ Северна Македонија веќе го направи, но дека потребен е политички консензус и одговорност од сите општествени фактори за натамошното спроведување на реформската агенда.

Во таа насока ја истакнаа важноста од натамошните реформи во поглавјата 23 и 24, како и важноста на реформите во судството, независноста на судството, но и борбата против криминалот и корупцијата, за што Владата има политичка волја и капацитет, рече вицепремиерот Маричиќ.

На средбата беше разговарано и за досегашните одлични билатерални односи и беа разгледани можностите за унапредување на соработката во разни области, која треба да послужи за забрзување на евроинтеграциите.

Во таа насока, Маричиќ подетаљно разговараше за нови унгарски инвестиции, како и за нова иницијатива за инфраструктурен проект, кој ќе го поврзе регионот со Европа, информираат од Секретаријат за европски прашања.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ