Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека речиси половина милион жители живеат во сиромаштија, а Ковачевски нема абер да го намали коефициентот на пресметка на платите на функционерите, кои после одлуката на Уставниот суд треба да земат 78% повисоки плати.
Среде сиромаштија и економски колапс, како што додаваат од партијата на Мицкоски, Ковачевски и екипата ги покачуваат своите плати. Тоа, според нив е безсрамно.
„Ковачевски глуми загриженост и се фали со намалување на цените на макароните за 4 денари, а близу 5 милиони евра народни пари оваа година ќе завршат за повисоки плати за функционерите. Додека рекордната инфлација од 20% го изеде стандардот на граѓаните, функционерите на Ковачевски ќе земаат енормни плати. Па така еден обичен функционер ќе зема плата која може да ги покрие трошоците на едно десетчлено семејство.
Додека власта на Ковачевски “штеди“ на земјоделците и на студентите, додека на медицинскиот персонал им ветува покачување од срамни две илјади денари, додека убедуваат дека нема пари за лекови и лекување, тие за себе се дарежливи и си готват плати повисоки за 78%“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Појаснуваат дека се потребни коренити промени. Со Ковачевски на власт, ккао што велат, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат.