Утрински Весник
Спорт

„Чекаме Меси да ја реши ситуацијата, нема смисла да го критикуваме“

„Чекаме Меси да ја реши ситуацијата, нема смисла да го критикуваме“

Натпреварот меѓу ПСЖ и Олимпик Лион (0:1) го обележаа свирежите од трибините упатени до светскиот шампион и седумкратениот освојувач на Златната топка, Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, смета дека таквото однесување на навивачите е недозволиво и непотребно.

„Не ги разбирам критиките кон него. Чекаме тој или Килијан Мбапе да ја реши ситуацијата. Тој ја води нашата игра, се труди многу, па оттука и доаѓаат загубените топки. Но, не смееме да очекуваме тие двајца сами да ја завршат работата. Свирежите според мене немаат смисла, бидејќи тој ни даде многу во првиот дел од сезоната, беше стрелец и асистент. На крајот на краиштата, останува на другите да помогнат повеќе и да внесат опасност во играта“, вели тренерот.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Се она што му се случува во Париз само ќе му помогне да ја донесе конечната одлука. Медиумите пишуваат дека нема да ја продолжи соработката со ПСЖ, туку дека сериозно размислува за враќање во Барселона.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност