Утрински Весник
Култура

Платите се под просекот-Културните работници и денеска на протест

Платите се под просекот-Културните работници и денеска на протест

Денеска во период од 13 до 15 часот, повторно пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

dobivaj vesti na viber

„Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Северна Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари“, велат од овие институции.

Вработените во трите институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“