Утрински Весник
Македонија

Доктор Коламовски: Желбата да им помогнам на моите Македонци ме врати во родниот Пустец

Доктор Коламовски: Желбата да им помогнам на моите Македонци ме врати во родниот Пустец

По 32 -годишниот престој во Македонија доктор Нико Коламовски се вратил во неговиот роден крај Пустец, да се грижи за здравјето на своите сограѓани.

dobivaj vesti na viber

Веќе четити години Нико работи во Здравствениот дом во Пустец, додека со медицински услуги ги покрива селата Шулин, Леска, Зрноско и Церје.

Во прилог емитуван на албанската државна телевизија, Коламовски вели дека се вратил поради желбата да и’ помага на македоснката заедница во неговата родна грутка.

„Се чувствувам добро, се чувствувам на моето место, затоа се вратив. Повеќето тука се лица над 70 години кои не можат да се движат. Децата не им се тука. Се обиидуваме да помогнеме колку што можеме“ изјави Коламовски за РТШ, пренесе „Македониум.нет“.

Можете да прочитате

Алиу:Oбезбедена медицинска опрема вредна половина милион долари за четири болници

Се бара притвор за 14-годишник од Гостивар што си ја силувал 13-годишната сестрата

Лашкоска: Заедно градиме регион без отпад – со силни партнерства до одржлив и функционален систем