Утрински Весник
Македонија

(Фото) За на Водно да се качат со автомобил, а да не платат паркинг – возачите ги окупираат површините за пешачење

(Фото) За на Водно да се качат со автомобил, а да не платат паркинг – возачите ги окупираат површините за пешачење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Половина километар колона со паркирани возила на патот од Средно Водно кон Македонско село. Ваква е сликата секој сончев викенд, па оние кои тука милуваат да минуваат пеш и да подишат чист воздух се жалат на состојбата.

dobivaj vesti na viber

На и онака тесниот пат возилата едвај се разминуваат додека бараат простор да ја заземат и последната слободна површина, а пешаците се принудени да внимаваат постојано или да ја избегнуваат рутата.

Полициските возила беа забележани викендов додека минуваа покрај колоната без да реагираат.

Паркинг има на Средно Водно кој за време на викендите и празниците се наплаќа 100 денари, поради што голем број скопјани одлучуваат да ги оставаат автомобилите покрај патот.

Од Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ претходно објаснија дека зонското паркирање на Средно Водно било воведено за да се стави ред, односно како дел од заложбите за безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.

По пуштањето во употреба на жичницата и бесплатните автобуски линии, Градот Скопје апелираше граѓаните своите возила да ги паркираат на обележаните паркиралишта и да го чуваат зеленилото и јавните површини на Водно.

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026