Утрински Весник
Свет

Експлозивна направа фрлена врз полицијата во Северна Митровица

Експлозивна направа фрлена врз полицијата во Северна Митровица

Во раните утрински часови денеска е фрлена експлозивна направа врз полицајци во Северна Митровица, се вели во соопштението на косовската полиција, пишува Радио Слободна Европа.

dobivaj vesti na viber

Полициските службеници биле лоцирани на улицата „Иво Лола Рибар“ во близина на Центарот за регистрација на возила и технички преглед.

Како што се наведува во соопштението, државниот обвинител наредил поведување истрага за овој случај како „напад врз службено лице“.

Во полициското соопштение не се наведува колку полицајци биле нападнати и каква е нивната состојба.

Овој инцидент доаѓа по неколку пријавени случаи на палење автомобили со регистарски таблички на РКС на северот на Косово, кој е претежно населен со Срби.

Косовската полиција во саботата на 1 април вечерта соопшти дека уапсила едно лице за учество во напад на единица на косовската полиција, „учество или организирање организирана криминална група“, „обид за убиство“, „предизвикување општа опасност“ и „напад на службено лице при вршење службено дејствие“.

По ова апсење, Српска листа, најголемата партија на косовските Срби поддржана од официјален Белград, изјави дека апсењето во Северна Митровица е „продолжение на малтретирањето на српскиот народ“ и предупреди дека доколку уапсениот не биде ослободен, „ Српска реакција“ ќе биде предизвикана.

Реагираше и Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, која го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека „предизвикува хаос и создава нова криза“.

Можете да прочитате

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург