Утрински Весник
Спорт

Ферари е најголем губитник во Австралија, доживеа комплетен дебакл

Ферари е најголем губитник во Австралија, доживеа комплетен дебакл

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи на лудото австралиско Гран-при, стартуваше од пол-позицијата и дојде до првата победа во Мелбурн. Актуелниот светски шампион славеше пред Луис Хамилтон од Мерцедес на второто место и пред Шпанецот Фернандо Алонсо (Астон Мартин) на третото место. Топ 5 листата ја заокружуваат Ленс Строл во Астон Мартин и Серхио Перез во Ред Бул.

dobivaj vesti na viber

Воочливо е дека на врвот нема ниту еден возач на Ферари, а ги нема ниту  до крајот на листата на која поради хаосот во завршницата има само 12 имиња. Причината е дебаклот што го доживеаја Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Леклер излета веднаш на старот и не ја заврши трката, додека Саинц  беше жртва на луда завршница на трката во која имаше контакт со Алонсо, што се случи пред третото црвено знаме.

Трката заврши под безбедносното возило и бидејќи Саинц доби казна од пет секунди пред последниот рестарт, падна на последното, 12. место.

 

Можете да прочитате

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат

Усик го победи Фјури со едногласна одлука на судиите

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига