Утрински Весник
Спорт

Арсенал ја продолжи победничата серија, шест гола на мечот Брајтон-Брентфорд

Арсенал ја продолжи победничата серија, шест гола на мечот Брајтон-Брентфорд

Спектакуларен натпревар, во 29.коло одиграа на „Амекс“ во Брајтон, домашниот тим и Брентфорд. Гостите од Лондон три пати водеа, Брајтон три пати успеаше да израмни. На крајот резултатот беше 3:3. Победа попладнево забележа и лидерот Арсенал.

dobivaj vesti na viber

Брајтон и Брентфорд одиграа еден од најдобрите натпревари од почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Брентфорд водеше двапати во првото полувреме, со головите на Јансон и Тони, но домаќинот се враќаше во мечот, прво преку Митома, а потоа и преку Велбек. Особено атрактивен беше голот на Јапонецот Митома, откако му аситираше голманот Стил, а тој потоа успеа да го лобува најдобриот играч на натпреварот Давид раја.

Брентфорд поведе и по трет пат, овој пат преку Пинок во 49. минута. До крајот на мечот Брајтон изврши сичен притисок, домаќинот изведе 14 корнери, а упорноста ја наплати во 90.минута со голот од пенал на Мекалистер.

Арсенал славеше над Лидс со 4:1. Серијата ја отвори Жесус од пенал. За Бразиелцот ова беше прв гол уште од октомври минатата година кога се повреди. На 2:0 зголеми Вајт, а потоа Жесус го постигна својот втор гол. Кристенсен намали во 76.минута, а конечниот резултат го постави Џака во 84.минута.

Арсенал со натпревар повеќе има плус од осум бода во однос на Манчестер сити.

Без победник заврши натпреварот Нотингем Форест-Вулверхемптон (1:1), додека идентични победи од 2:1 забележаа Борнмут над Фулам и Крситал Палас против Лестер.

Можете да прочитате

Вембањама подели 10 „банани“ и стигна до 200. тројка во НБА побрзо од Кари

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Огромна сума заработија Усик и Фјури