Утрински Весник
Свет

Бугарите повторно на гласање: Петти вонредни избори за неполни две години

Бугарите повторно на гласање: Петти вонредни избори за неполни две години

Во Бугарија денеска владее изборен молк бидејќи во недела се одржуваат петтите вонредни избори за неполни две години.

dobivaj vesti na viber

Никаков вид политичка и изборна пропаганда не е дозволена на денот на изборниот молк и на самиот ден на гласање. Согласно Изборниот закон, 24 часа пред изборите и на денот на изборите апсолутно е забрането да се рекламираат резултати од  истражувања кои на кој било начин би ја откриле распределбата на политичките сили, за граѓаните мирно да одлучат кои од 15-те регистрирани партии и 7 коалиции  би ги поддржале.

Дополнително значење на изборниот молк му дава и тоа што околу 7 до 14 отсто од гласачите одлучуваат кого ќе поддржат во последен момент.

Според социолозите, процентот на такви гласачи е доволно голем за да се променат резултатите од прелиминарните испитувања на јавното мислење.

Во комбинација со очекуваниот низок одѕив од околу 40 отсто и речиси еднаква поддршка за првите две партии, одлуките на бугарските гласачи во последен момент би можеле значително да ја свртат вагата, а победникот на изборите најверојатно ќе биде решен во последен момент.

Гласачите се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во државата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн.

Можете да прочитате

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург