Утрински Весник
Спорт

Анчелоти го потврди интересот на Бразилците

Анчелоти го потврди интересот на Бразилците

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Бразил сака да го ангажира за селектор, но истакна дека сака да го одработи договорот со „кралскиот клуб“.

dobivaj vesti na viber

„Реалноста е дека бразилската репрезентација ме сака и тоа ми ласка. Но, мора да го почитувате актуелниот договор (кој истекува во јуни 2024 година), договор кој сакам да го почитувам до крај“, изјави Анчелоти на прес-конференција. во пресрет на натпреварот против Ваљадолид.

„Имам договор, сакам да го одработам, бидејќи го сакам овој клуб и овој тим. Се што ќе се случи по мојот договор е иднината, а иднината никој не ја знае“, додаде Анчелоти.

На Светското првенство во Катар, Бразил беше елиминиран во четвртфиналето од Хрватска. По Мундијалот, селекторот Тите си поднесе оставка. Од тој момент локалниот печат го споменува Анчелоти како еден од кандидатите за селектор.

„Не ме чуди што има такви гласини и тоа не ме загрижува. Сосема е јасно – ќе останам овде се додека Реал Мадрид ми дозволи да останам. Чувствувам голема поддршка од претседателот, навивачите и играчите, атмосферата е мирна околу мене и исто така сум многу смирен. Сега имаме два и пол месеци да се обидеме да освоиме титули“, изјави Италијанецот.

Можете да прочитате

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност