Утрински Весник
Свет

Руското оружје во Белорусија укажува на неуспехот на состанокот Путин-Си, вели Зеленски

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата

Неуспешна беше неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на што укажува токму намерата на Русија да распореди нуклеарно оружје во Белорусија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Зеленски смета дека целта на ваквата одлука е, по неуспехот на неодамнешната средба меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, со распоредувањето нуклеарно оружје кај соседот да се покаже некаков кредибилитет, кој, како што оцени, Русија целосно го изгуби под водството на Путин.

Украинскиот претседател оцени дека Путин треба да покаже некаква „победа“, но дека тоа не може да го направи на бојното поле.

Затоа, додаде тој, најавата на Москва за распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија укажува и на целосно губење на кредибилитетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Мислам дека тој повеќе не одлучува какво оружје ќе има на негова територија, рече украинскиот претседател, пренесува „Ал Џезира Балканс“.

Можете да прочитате

Катар се заканува дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија

Словенечкиот јавен сервис бара забрана за учество на Израел на Евровизија поради војната во Газа

Путин вети одмазда за нападот во Казањ