Утрински Весник
Македонија

Во вторник, времена забрана на сообраќајот на потегот од Стража до тетовски Групчин

Во вторник, времена забрана на сообраќајот на потегот од Стража до тетовски Групчин

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека на 4 април 2023 година во вторник од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим, а поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар.

dobivaj vesti na viber

Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај, при што товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена.

Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта, а од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош