Утрински Весник
Македонија

Мигрантот што беше прегазен кај Блаце немал лични документи, не е вистина оти бил обезглавен

Шест тинејџерки обвинети за убиство на маж во Торонто

Мигрантот што беше пронајден прегазен од автомобил и починат на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце немал со себе лични документи, дознава „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Лицето не било обезглавено, како што објавија некои од медиумите, но има тешки повреди на главата.

На улицата видливи се силни траги од кочење, а полицијата собира фотодокуметација од местото на несреќата.

„Макфакс“ претходно објави дека мртвото тело на мигрантот лежело на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Засега не се знае кој го управувал возилото и кој го прегазил човекот.

Извршен е увид од јавен обвинител, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата

Конкурсот на наградата „Илија Жупаноски“ е отворен до 1 октомври

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Како да се заштитиме од гром?!