Утрински Весник
Свет

Владата: Северна Македонија и Србија имаат одлични добрососедски односи и заедничка заложба за евроинтегриран Западен Балкан

Владата: Северна Македонија и Србија имаат одлични добрососедски односи и заедничка заложба за евроинтегриран Западен Балкан

Заеднички пленарен состанок, денеска во Белград одржаа двете делегациии на Србија и Северна Макеоднија, во рамките на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

dobivaj vesti na viber

Заедничкиот состанок на министрите од двете влади го отвори премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која уште еднаш посака добредојде на нашата владина делегација која е во официјална посета на Белград.

На состанокот од владата на Република Србија присутни беа министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, Јелена Танасковиќ министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Весиќ министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика.

Двете владини делегации на состанокот ја истакнаа важноста на тесна соработка помеѓу министерствата и институциите, на Северна Македонија и Србија, како и потпишувањето на повеќе меморандуми за уште поголемо унапредување на соработката речиси во сите области.

Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Србија никогаш не биле подобри од денес и се без отворени прашања. Како добри соседи, успешно ги надминавме и предизвиците од економско-енергетската криза, во рамки на Берлински процес, иницијативата Отворен Балкан.

На состанокот беа потенцирани одличните пријателски односи меѓу двете земји, тесната соработка, продлабочување на заемните интереси, како и заедничката определба за Западен Балкан да е регион на траен мир целосно интегриран во ЕУ.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња