Утрински Весник
Македонија

Таравари го повтори барањето за влез на албанскиот јазик во Уставот

Алијанса за Албанците: Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби
Dik 300x250 mk

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вели дека отстранувањето на „20 отсто“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20 отсто“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари.

Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски.

„Особено Ковачески и Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.

Партиите на власт веќе го кажаа ставот на оваа тема, коментирајќи во изминатите денови дека измените во Уставот треба да се фокусираат само на Бугарите и да не се оптоваруваат со други политички прашања.

 

Можете да прочитате

Закани со бомби во неколку основни училишта во Скопје и Куманово

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа

Николоски: Од денеска за Мадрид се лета од Скопје, до сега воведовме вкупно 21 авиолинија, бележиме силен раст на патници на двата аеродроми