Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Невкусно е во време на криза да се покачуваат плати на функционери

Пендаровски: Празнувањето на денот посветен на големиот просветител за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење

Претседателот, Стево Пендаровски, изјави дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.

dobivaj vesti na viber

Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, тој ја повика Владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Со одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Законот се овозможува зголемување на платите на избраните и именуваните лица.

Законот се однесува и на примањата на премиерот, претседателот, собранискиот спикер, но и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, а во групата спаѓаат и уставните судии.

Можете да прочитате

Миноски бара „рестартирање на системот“ и проверка на потеклото на имотот на функционерите од 1990 година

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

Американската амбасада во Софија издаде безбедносно предупредување за цела Европа пред празниците