Утрински Весник
Македонија

Русковска најави борба по предлогот за да ја разрешат: Не сум поразена, не се каам

Русковска најави борба по предлогот за да ја разрешат: Не сум поразена, не се каам

Вилма Русковска смета дека не е поразена со одлуката на дисциплинската комисија со која се бара нејзино разрешување од обвинителската функција. Веќе најави: „Ќе се борам до крај со сите средства“. Русковска за „Макфакс“ посочи дека одлуката била донесена уште кога била на сослушување во Обвинителство, што го искоментира: „Со самото неприфаќање на мои сведоци и докази, знаев која е одлуката. Знаев дека е донесена одлуката“.

dobivaj vesti na viber

„Јас ја немам добиено одлуката, ова го знам од што е објавено на ЈОРМ. Образложението го немам прочитано и не можам да коментирам ништо“, рече Русковска, а на потпрашање што ќе прави ако и ја одбијат и жалбата, посочува: „Отом потом“.

Русковска, прашана дали се покаја што не отиде во пензија, со што ќе немаше простор за утврдување на дисциплинска одговорност, за „Макфакс“ вели: „Не, не, апсолутно не сум се покајала. Апсолутно не“.

Прашана дали овој предлог за разрешување го смета за порака до неа, посочи: „Не знам тоа. Не знам, не сакам утре да се најдам по судови“, а на потпрашање дали се плаши од тужби за клевети, додава: „Не се плашам. Секое судење чини многу. Не сум во ситуација за судење да давам пари. Ги немам тие пари, како што рече Боки 13 дека сум имала 4 милиони (алудирајќи на рочиштето каде Боки 13 ја обвини за корупција од 4 милиони). Морам да си водам сметка за секој денар. Не би сакала да се најдам по судови“. Русковска одговарајќи дали ќе се најде пред судови ако спомене било чие име, рече: „Да, да“.

На прашањето дали смета дека оваа одлука е политичка нарачка за неа, таа вели: „Не, јас не сум политичар и не сметам дека е политичка нарачка. Ова е борба помеѓу правото, правдата и неправдата. Во Македонија не постои политички прогон и позади тоа цврсто стојам. Политички прогон било ’48 за време на Информбиро (*тоа била организација доминирана од СССР со цел да се обединат идеолошките и политичките ставови на комунистичките партии во Европа), политичко прогон било во Шпанија за време на Франко (лидер на Шпанија за време на граѓанската војна), политички прогон било за време на Пиноче (диктатор) во Чиле. Кај нас не постои политички прогон“.

„Макфакс“ праша и кој ја претставува неправдата, ако правдата е Русковска, на што обвинителката одговори: „Не знам кој ја претставува. Вие како новинари треба да истражите“.

Претходно, Комисијата за дисциплинска одговорност донесе одлука да прелдожи разрешување на Русковска до Советот на јавни обвинители. Тие сметаат дека сторила тешка дисциплинска повреда со претресот во Финансиската полиција кај ексдиректорот Арафат Муареми.

Став за „Макфакс“ даде и обвинителката Ивана Трајчева.

Судирот меѓу Вилма Русковска и ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муамери, резултира со дисциплинска постапка за обвинителките. Тој обвинуваше дека претресот во неговите канцеларии не бил во согласност со законот. Дисциплинска беше отворена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој сметаше дека има низа пропусти во случајот откако Муареми испрати претставка за претресите во Управата и обвини дека е нарушен и неговиот углед и на институцијата со која раководи. Русковска беше и суспендирана од работа, а за тоа рече дека оваа атака ја доживува како удар и врз правото и правдата.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата