Утрински Весник
Магазин

Обама: Светот би бил подобро место ако жените раководат со секоја земја

Обама: Светот би бил подобро место ако жените раководат со секоја земја
Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Барак Обама е на турнеја во Австралија, а во еден од своите говори се осврна на темата за жените во политиката, пишува „Хералд сан“.

dobivaj vesti na viber

Обама во Меѓународниот конгресен центар во Сиднеј истакна дека светот би бил подобро место доколку го водат жени, макар и само неколку години.

„Всушност, убеден сум дека ако можеме да направиме експеримент во кој жените ќе бидат на чело на секоја држава околу две години, сигурен сум дека светот ќе се движи во подобра насока“, рече тој.

Неговата изјава беше проследена со овации и аплаузи, а Обама додаде: „Пред да почнете да навивате, не велам дека не правите и луди работи, затоа не фалете се премногу“.

„Живеам во домаќинство со три жени, па видов некои работи“, објасни тој.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство