Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс дава редок коментар за партнерката Александра Грант

Кијану Ривс дава редок коментар за партнерката Александра Грант

Двојката е во врска од 2019 година, но нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

dobivaj vesti na viber

Кијану Ривс сподели редок увид во својата врска со Александра Грант.

58-годишната акциона ѕвезда неодамна во интервју за магазинот „Пипл“ се потсети на последниот момент на блаженство, како што рече, со 49-годишната уметница. „Пред неколку дена со мојата душичка“, рече Ривс за својата партнерка, со која е во врска четири години. „Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, смеевме и кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше навистина убаво да сме заедно“, рече тој.

Слаткиот миг понуди увид во инаку во голема мера приватна врска на Ривс и Грант. Двојката излезе во јавноста со својата романса кога прошетаа на црвениот тепих фатени за рака на гала свеченоста „ЛАКМА уметност и филм“ (LACMA Art + Film) во ноември 2019 година.

Од тогаш, беа видени заедно во Берлин, потоа на пазарување во Њујорк, а присуствуваа и на премиера на мјузикл на Бродвеј.

Последен пат беа видени заедно во јавност во јуни 2022 година во Лос Анџелес додека присуствуваа на гала настанот МОКА во Музејот на современа уметност.

Додека ѕвездата на „Матрикс“ и визуелната уметница ја официјализираа својата врска пред речиси четири години, нивното пријателство датира повеќе од една деценија.

Двајцата соработуваа на книгата „Ода на среќата“ од 2011 година и „Сенка“ од 2016 година, чиј автор е Ривс, а илустратор Грант.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста