Утрински Весник
Македонија

Приведени шверцери од Кавадаречко, пронајдени пет мигранти од Конго

Приведен криумчар на мигранти

Денеска, околу 2.10 часот, на регионалниот пат 1102, кај клучката кај Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање две возила „бмв“, со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја почитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.

dobivaj vesti na viber

Набргу, по преземените мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С. Ѓ. (23) од Кавадарци и Р. С. (22) од село Бојанчиште, Кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 3.10 часот, при проверка на теренот биле пронајдени 5  мигранти од Конго.

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот