Утрински Весник
Македонија

(Видео) Условна казна за бизнисменот кој призна вина во „Империја“, досудено да плати и оштета од 1,5 милиони евра

(Видео) Условна казна за бизнисменот кој призна вина во „Империја“, досудено да плати и оштета од 1,5 милиони евра

Условна казна доби бизнисменот Зоранчо Митровски, кој седна на обвинителна клупа, па откако го слушна обвинението, реши да признае вина за случајот „Империја“. Пресудата ја изрече судијката Васка Николовска-Масевска. Таа посочи дека освен условната казна која нема да изврши ако во наредните пет години Митровски не стори ново кривично дело, бизнисменот ќе треба да плати оштета заедно со неговата фирма „Еземит вино“ во висина од околу 1,5 милиони евра во буџетот на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Зоранчо Митровски беше обвинет за криивчни дела злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

„За двете кривична дела судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело“, кажа судијката Васка Николовска-Масевска.

Судењето ќе продолжи за бизнисменот Цветан Панделевски и берзанскиот брокер Јованчо Тасковски.

Можете да прочитате

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Се бара жена во Скопје – Последен пат е видена кај Железничка станица

ВМРО-ДПМНЕ ќе има министер за здравство, меѓу фаворитите Клековски и Андоновска?