Селекторот Роналд Куман истакна дека е шокиран од настапот на холандската репрезентација во првата недела по враќањето на чело на националниот тим и дека е потребно драстично подобрување доколку сака да се надева на нешто на следниот натпревар во полуфиналето во Лигата на нации против Хрватска.
Во првиот квалификациски натпревар за ЕП 2024, Холандија беше поразена од Франција со 4:0, а потоа во понеделникот го победи аутсајдерот Гибралтар со 3:0,.
„Мораме да се подобриме, прилично сум шокиран од она што го видов“, рече Куман и додаде.
„Навистина мора да биде подобро. Мораме да се избориме бидејќи ова беше навистина премалку. Беше лоша недела, многу играчи се разболеа. Доживеавме дебакл против Франција, а не бевме на ниво ниту против Гибралтар. Наскоро ќе мора да се подобриме. Никогаш не сум имал толку тешка недела како менаџер и се надевам дека нема да се повтори“.
Холанѓаните се домаќини на финалето на Лигата на нации во јуни. Прво играат со Хрватска во Ротердам на 14 јуни, а четири дена подоцна ќе играат во финалето или за трето место против Италија или Шпанија.
„Ова се исклучително силни противници и мислам дека ќе биде важно да имаме комплетен состав“, рече Куман.