Утрински Весник
Македонија

Спасовски со амбасадорите Гарсија и Гир: Македонија да биде домаќин на годинешниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан

Спасовски со амбасадорите Гарсија и Гир: Македонија да биде домаќин на годинешниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар Магдалена Несторовска одржаа работна средба со амбасадорите на Кралството на Шпанија и на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија и Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата двајцата амбасадори ги поздравија искрените напори на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и успешноста на билатералниот состанок со Европската Комисија.

Aмбасадорот Гарсија, чија што земја во јуни годинава ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската Унија даде предлог следниот Министерски форум на ЕУ и Западен Балкан – за правда и внатрешни работи – што се планира да биде одржан во октомври 2023 година, да се одржи токму во Скопје, односно негов домаќин да биде Република Северна Македонија.

Од своја страна, Спасовски заблагодарувајќи им се на амбасадорите Гарсија и Гир за досегашната успешна соработка и партнерство на нашиот пат кон полноправно членство во Унијата, нагласи дека за нас ќе преставува голема чест да бидеме домаќини на ваков голем и важен настан, со што дополнително ќе се испрати силна и цврста порака кон земјите членки на ЕУ за европски аспирации на Република Северна Македонија, посебно во областа на правдата и внатрешни работи.

Можете да прочитате

Додека работниците чекаат, директорот на ДЗС добива покачување на платата вели Трендафилов

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

30 дена притвор за Ристо Крмзов