Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси изјави дека со триумфот на Светското првенство во Катар освоил се што можел. Тој додаде дека време било една јужноамериканска репрезентација повторно да стане светски шампион.
На церемонијата „Ноќ на ѕвездите“, која се одржа во Асунсион, Парагвај, во седиштето на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол), беше прославена светската титула која Аргентина ја освои во Катар во декември, а статуата на Меси во природна големина. беше откриена во „Музејот на фудбалот Конмебол“.
Статуата ќе биде поставена покрај статуите кои претходно го добија легендите на светскиот фудбал Пеле и Диего Марадона.
„Време беше една јужноамериканска репрезентација повторно да стане светски шампион“, изјави Меси во присуство на 25 играчи на неговата репрезентација кои емотивно ја доживеаја прославата.
„Тоа е она што ми недостасуваше. Исполнет сум. Успеав да освојам се што може да се освои во фудбалот. Благодарен сум на моите соиграчи за овој прекрасен подарок што ми го дадоа. Сега морам да ги искористам предносте и без оглед на се да останам фудбалер“, рече Меси, кој досега има играно на пет светски првенства.
Претседателот на Конбебол, Алехандро Домингез, на Меси му подари реплика на трофејот на Светското првенство и стап, кој го претставува „лидерот и водичот на светскиот фудбал“. Исто така, Меси доби и реплика на трофејот Финалисима освоен против европскиот шампион Италија.
Минијатурни копии на трофеи од Светското првенство и од Купот на Америка во 2021 година добија и селекторот Лионел Скалони и другите репрезентативци.
Во видеото генерирано од вештачка интелигенција, емитувано на церемонијата, Пеле и Марадона зборуваа за извонредните таленти на Меси.
„Покрај сета наклонетост што ја добиваме, сè уште не сме свесни што значи да се биде светски шампион“, додаде Меси.