Баерн Минхен сака да го засили нападот со Душан Влаховиќ. Италијанските медиуми тврдат дека од Минхен испратиле конкретна понуда во Торино за услугите на Србинот.
Италијанците тврдат дека новиот тренер на Баерн, Томас Тухел, дал зелено светло за реализиција на трансферот.
Наводно Баварците за Влаховиќ го понудиле крилниот напаѓач, Серж Гнабри и 35 милиони евра. Меиумите кои ја објавија обаа информација пишуваат дека Јувентус би го прифатиле Лирој Сане или поранешниот играч Кинсли Коман.