Утрински Весник
Македонија

Забрана за работа од 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“

Забрана за работа од 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.

dobivaj vesti na viber

Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани.

„Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина“, велат од Општината.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон