Утрински Весник
Спорт

Анџелика Митрашиновиќ најдобар стрелец на завршниот турнир во ВАБА лигата

Анџелика Митрашиновиќ најдобар стрелец на завршниот турнир во ВАБА лигата

Најдобрата македонска кошаркарка во моментов Анџелика Митрашиновиќ, заедно со Шарека Мекнил од Војводина, е прогласена за најдобар стрелец на Ф4 од ВАБА лигата кој се одржа изминатиот викенд во Подгорица.

dobivaj vesti na viber

Нашата репрезентативка беше единствената светла точка во екипата на Монтана на собирот на најдобрите четири екипи во женската Јадранска лига. Но нејзините обиди останаа без вистинска логистика од соиграчите, па Монтана заврши на последното место на „фајнал-фор“ турнирот.

На двата натпревари кои ги одигра во главниот град на Црна Гора, Митрашиновиќ постигна вкупно 42 поени, колку што имаше и Мекнил. На мечот за третото место, против екипата на Војводина, нашиот репрезентативен бек реализира 28 поени, или точно половина од вкупниот број постигнати на нејзината екипа.

Инаку, титулата во WABA лигата и оваа сезона ја освои словенечкиот тим Цинкарна Целје која во финалето го победи домаќинот Будуќност со минимални (66:64), а за најкорисен играч на завршниот турнир е прогласена Блажа Чех од шампионската екипа.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0