Утрински Весник
Спорт

Португалија и Италија со рутински победи против аутсајдери, Словачка со шок за БиХ

Португалија и Италија со рутински победи против аутсајдери, Словачка со шок за БиХ

Португалија и Италија стигнаа до очекувани победи во квалификациите за ЕУРО 2024 против далеку послаби противници.

dobivaj vesti na viber

Кристијано Роналдо даде два гола за да го продолжи одличниот скор против Луксембург за 6:0 победа на гости, додека Италија со 2:0 ја совлада Малта во нашата група Ц. Словачка пак, го уништи доброто расположение кај Босна и Херцеговина по победата над Исланд, совладувајќи ја со 2:0.

Во првиот меч на Роберто Мартинез на клупата на Португалија, Кристијано Роналдо беше стартер и го подобри својот неверојатен скор против Луксембург на 11 гола во 11 меча против европскиот аутсајдер.  Роналдо го отвори резултатот по само девет минути игра, за Жоао Феликс во 15. минута да зголеми на 0:2. Фуриозниот почеток продолжи во 18. минута со голот на Бернардо Силва, за Роналдо повторно да постигне гол во 31. минута. Во второто полувреме Отавио во 77. минута зголеми на 0:5, а Португалците промашија и пенал преку Рафаел Леао во 85. минута од мечот, за потоа фудбалерот на Милан да се поправи во 88. минута со убав гол.

„Аѕурите“ пак, не беа толку расположени за полнење на мрежата на Малта, но стигнаа до сигурни три поени. Матео Ретегуи постигна гол во втор натпревар едноподруго за Италија за водство по 15. минути игра, за Матео Песина во 27. минута зголеми на 2:0.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Малта – Италија 0:2
ГРУПА Х
Северна Ирска – Финска 0:1
ГРУПА Ј
Луксембург – Португалија 0:6
Словачка – Босна и Херцеговина 2:0

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари