Тренерот Лучијано Спалети откри дека Наполи имал многу дилеми изминатото лето дали треба да ја доведе сензацијата во Серија А, Грузиецот Квича Кварацкелија.
Тој оваа сезона блесна и прикажува неверојатни игри, добивајќи го и прекарот „Кварадона“. На 30 натпревари за Наполи има 14 гола и 16 асистенции, но претседателот Аурелио Де Лаурентис не бил сигурен дали треба да го доведе во Неапол.
„Де Лаурентис имаше дилеми околу Квара и Ким. Разговаравме вечерта пред да ги потпишеме. Се јавив кај некои пријатели во Русија каде работев претходно и тие ме уверија дека Грузиецот ќе биде полн погодок. Де Лаурентис беше скептичен поради разликите меѓу руската лига и Серија А“, откри Спалети.
Наполи оваа сезона е доминантен во Италија и речиси сигурно ќе ја освои шампионската титула.